Многу ѕвезди се јавувале во живо, по пат на социјалните мрежи, за да ги забавуваат оние кои се наоѓале во изолација, а многумина се и оние кои донирале парична помош на заедници ширум светот во борба против вирусот Ковид-19

Ријана е една од оние која одлучила парично да помогне во борба со која се соочува цел свет и донирала пари преку својата фондација “Клара и Лионел“

Оваа фондација ја формирала 2012 година и носи име по нејзината баба и дедо. Непрофитна организација која финансира едукативни програми а исто така осигурува сретства за итни случаи ширум светот.

Пет милиони долари кои Ријана ги донира ќе бидат поделени на разни организации, вклучувајќи ја и организацијата на Светскиот здравствен центар, за истражување на вирусот Ковид-19

Оваа организација парите ќе ги користи да: Помогнат на локалните банки за храна кои снабдуваат заедници кои се ризични и постари граѓани во САД,

Олеснување и овозможување брзо тестирање на Малдиви, и Хаити, како и подршка на локалните заедници на тие места,

Доставување потребна опрема, апарати и лекови до медицинските центри и на лекари кои работат и се во директен контакт со заразените лица.

Ријана исто така ќе донира 600.000 долари за својата родна земја Барбадос, кои ќе се користат во борба против корона вирус.

Најчитани вести