Утринава како бомба одекна веста дека по четири месечна врска раскинале Милица Тодоровиќ и Петар Стругар. Како што пишуваа некои српски медиуми причина за нивното раскинување е поранешното момче на Милица, Милош Пауновиќ.

Наводно, актерот пронашол пораки во мобилниот телефон на пејачката која се договорала со поранешниот партнер кога и каде да се видат. Наводно, актерот кога ги видел овие пораки полудел и почнал да вика на Милица, а кога се смирил седнале и разговарале, па одлучиле да стават крај на нивната врска.

По овие написи се огласи и Петар на својот „Инстаграм“ истакнувајќи дека не е точно дека раскинале со Милица.

„Големо браво за телеграф.рс. Би сакал да ја имам нивната фантазија во овие моменти во кои се наоѓаме. Нема потреба да потенцирам дека се напишаното е лага. Останете дома“ беше краток и јасен Стругар.

Најчитани вести