И покрај забраните за патување, овие excel табели објавени на социјалните мрежи, покажуваат дека се потрошени државни пари за патувања и репрезентации (храна и пијалоци) од 17 март до 20 март 2020 година, односно за само 4 денови.

Вкупно се потрошени 123.528 евра за патувања, храна и пијалоци. Најмногу е потрошено во ресорите кои ги водат Никола Димитров и Радмила Шеќеринска.

Според овие табели, министерството за надворешни работи за 4 дена потрошило на патувања 23.700 евра, министерството за одбрана 17.000 евра, факултет за ветерина околу 5.000 евра, општи и заеднички служби на владата околу 4 илјади евра и така натаму. За овие 4 дена, потрошени се 73.475 евра за патувања.

На другите табели се трошоците за репрезентација, односно храна и пијалоци, за истиот период од 4 дена од 17 до 20 април и потрошени се вкупно 50.053 евра.

Најмногу за репрезентација потрошило МНР, 17.887 евра за 4 дена, потоа следува министерството за одбрана со 5.800 евра, па општина Охрид, Чаир и Прилеп...и така натаму. 

На оваа тема прес конференција одржа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Најчитани вести