– Здраствените власти во Њујорк, град со 8,7 милиони жители, од кои со новиот коронавирус се заразени над 12.000 луѓе, издадоа прирачник за безбеден сексуален живот, во кој се наведува дека секој поединец во моментот е свој најбезбеден партнер.

Прирачникот за безбеден интимен живот на две страници препорачува дека за време на пандемија не е време за оргии, ниту за менување на партнери, а исто така да се мијат рацете и сите помагала 20 секунди, пренесува „Њујорк дејли мејл“.

Градските власти препорачуваат дека за промискуитетните лица најдобро е да користат само интернет разговори (chat room). Градот Њујорк ги советува жителите дека најбезбеден партнер е тој со кого живеат, но оти треба да се избегнува сексот, ако еден од нив не се чувствува добро.

Претходно, здраствените работници предупредија дека коронавирусот брзо може да се прошири преку бакнување и оти не е откриен во другите телесни течности.
 

 

Најчитани вести