Три години нѐ убедуваат дека буџетот е во добра кондиција, а касата за која велеа дека е полна не издржа ниту три недели, пишува Рашела Мизрахи на својот фејсбук

Владата со цел подршка на бизнисот да ги прифати мерките:

Аконтацијата на данокот на добивка покрај за месеците април, мај и јуни да биде одложена да се примени и за ДДВ за месец март кој се плаќа до крајот на месец април за дејностите погодени од кризата.

Веднаш непродуктивните трошоци за времени вработувања, наменети за партиските војници на СДСМ да се прекинат. Во минатото овие лица беа ангажирани со изговор зголемен обем на работа, а поради актуелната состојба не може да стане збор за зголемен обем на работа.

Најчитани вести