Како што пренесуваат српските медиуми, Петар ја оставил Милица Тодоровиќ бидејќи во нејзиниот телефон пронашол пораки од нејзиното поранешно момче Милош Пауновиќ и тоа била главна причина за нивното раскинување.

Точно е дека Милица и Петар се разделија, едноставно не беше се онака како што изгледаше во јавност. На почетокот им беше феноменално, но колку повеќе време поминуваа заедно, сфатија дека имаат различен поглед на светот. Милица беше во повеќегодишна врска со Милош и тоа остави силни последици на неа иако не сакаше да покаже. Мислеше дека лесно ќе го преболи и дека Петар ќе и помогне. Меѓутоа, таа неколку пати се виде со Пауновиќ и кога Стругар дозна за тоа полуде, вели изворот и додава дека пејачката не го изневерувала актерот, но признала дека се видела со Милош.

Наводно Милица неколку пати се виде со Пауновиќ бидејќи тој ја молеше да се видат и да разговараат како пријатели. Таа прифати, но од Петар криеше бидејќи не може да најде вистинско објаснување зошто се гледа со бившиот. Таа не се чувствуваше убаво поради тоа, па секој ден беше нервозна, а тоа на актерот му беше многу чудно. Дотогаш беше позитивна, а откако првпат го излажа започна да се фаќа за ситни работи за да настане кавга вели изворот.

Кога Милица помислила дека се поминало добро и како што треба, Петар пронашол пораки во телефонот на Тодоровиќ со кои се договорале кога и каде ќе се видат.

Кога Стургар ги прочита пораките, почна да вика и не сакаше да ја слуша. Потоа кога се смири, седнаа и разговараа за нивната иднина. Милица се оправдуваше дека со Пауновиќ останала во добри односи и дека нема ништо лошо да се гледа со него бидејќи биле заедно повеќе од 6 години. Петар сфати за што се работи, па и кажа дека е најдобро да стават крај на нивната врска или некој период да се се разделени, објаснува изворот.

Како што пишуваат медиумите, Петар не можел да го издржи медиумскиот притисок и ставил крај на врската со пејачката.

За потсетување, Милица и Петар се запознаа за време на снимањето на нејзиниот спот.

Најчитани вести