Симптомите на КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирус, се знае дека се покачена температура, кашлица и губење здив. Отоларинголозите сега предупредуваат на уште еден симптом за кој веруваат дека е поврзан со тоа – губење на чувството за мирис.

Аносмија е ненадејно губење на чувството за мирис, но без затнат нос, понекогаш придружено со губење на чувството за вкус или агеузија.

Неколку лица со КОВИД-19 пријавиле аносмија како еден од симптомите, изјави вториот човек на француското Министерство за здравство, Жером Саломон.

„Во случај на аносмија, треба веднаш да се јавите на лекар и да избегнувате самолекување“, предупреди Саломон.

Овој симптом е доста редок и најчесто се јавува кај млади пациенти со лесна клиничка слика на КОВИД-19. Сепак, француското здружение на отоларинголози повикува на тоа да се обрати внимание.

„Постои очигледна врска“ помеѓу аносмијата и вирусот, тврди Жан-Мишел Клејн, претседател на Националното здружение на отоларинголози, кој додаде:
„Не сите пациенти со КОВИД-19 ќе развијат аносмија, но сите изолирани аносмичари, без локално воспаление, беа позитивни на коронавирус“.

„Луѓето кои доживуваат аносмија, мора да се изолираат“, советува Клејн.

Класична терапија за аносмија, со кортикостероиди, не треба да се користи во овој случај, бидејќи тоа ќе го намали имунолошкиот одговор на организмот на вирусот, истакна Жан-Мишел Клејн.

Сличен заклучок, кој ја поврзува аносмијата со КОВИД-19, дојде и од германски и од американски експерти.

Најчитани вести