Државите не можат едноставно да ги заклучат своите општества за да го победат коронавирусот, рече главниот експерт за итни случаи на Светската здравствена организација, додавајќи дека мора да се преземат јавни здравствени мерки за да се спречи подоцна повторно да се појави вирусот.

„Она на што навистина мора да се фокусираме е пронаоѓање на оние што се болни, кои го имаат вирусот, да ги изолираме и да ги најдеме нивните контакти и да ги изолираме и нив“, рече Мајк Рајан од СЗО во интервјуто за Би-би-си во шоуто на Ендру Мар.

„Опасноста со карантин е таа што ако веднаш не донесеме силни здравствени мерки, постои опасност болеста да се врати кога ќе ги укинеме ограничувањата за движење и карантин“, пренесе Ројтерс.

Најчитани вести