Како што пишува “Блиц“, Јелена Карлеуша денеска во 18 часот го пријавила сопругот Душко.

Како што се дознава таа на надлежните органи им рекла дека веќе подолго време трпи насилство од Душко, а лекарска помош одбила. Полицијата наводно веднаш излегла на терен.

Меѓутоа пејачката набрзо се огласила на Инстаграм и се демантирала

- Лаги – напишала таа на Инстаграм.

Веднаш потоа објавила и Инстаграм стори, каде појаснила како работите стојат:

- Полицијата ја обиколува нашата куќа нон-стоп, за да провери дали Душко го прекршува карантинот. Нема потреба да се шират вакви лаги за насилство. За жал на многумина, мене никој никогаш не ме претепал – напишала Карлеуша на Инстаграм.

Најчитани вести