Акција за дезинфекција на улиците во селото Батинци, во близина на депонијата Дрисла, спроведе Град Скопје со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

„Во акцијата е употребено специјално комунално возило за оваа намена, а извршено е миење на повеќе улици во населеното место, како и на главниот пат од крстосницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата Дрисла“, информираат градските власти.

Од таму додаваат дека активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронвирусот.

 

 

 

извор: Makfax

Најчитани вести