Комисијата предложила сет мерки за спречување на ширењерото на корона коронавирусот, меѓу кои и полициски час од 21 до 6 часот, објави Телма

Од 6 до 21 часот забрана за собирање во групи. Смее да се оди само до болница, луѓето што имаат потреба од дијализа, потреба од итна помош ќе може да се движат со придружба од најмногу од две лица;

Ако ги застане полиција по прегледот ќе мора да покажат медицинска документација дека биле на лекар;

И директорите на ЈЗО да имаат лимитирано движење само со документ;

Да се ограничи број на дежурни аптеки;

Такси компаниите да имаат ограничен број возила за дежурства;

Се забранува движење на јавни возила од 21 до 6 часот;

Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетoт на патници и да се запази растојание 2 метри од еден до друг патник.

Извор: Телма

Најчитани вести