Денес стапува во сила премиерската наредба за викендот. Имено, од денес излегување е дозволено до 13:00 часот. Потоа, затворете се дома, во спротивно ќе бидете уапсени и прогласени за „предавници“ на нацијата и граѓаните бидејќи помагате во ширење на коронавирусот!Денес завршете работа со пазарење до 13 часот.

После тоа следува полициски час до 05:00 часот наутро во понеделник. Кој ќе постапи спротивно, ќе биде уапсен! Коронавирусот е пред врата, вели премиерот Еди Рама. Затворете ги вратите! Не излегувајте!, пренесува Факс.ал по прогласувањето вонредна состојба во соседна Албанија.

До понеделник до 5 часот наутро (од 13:00) нема движење, нема отворање на вратата. Заклучете се дома и почитувајте ја наредбата на владата!

Коронавирусот е пред врата, вели премиерот Еди Рама. Затворете ги вратите! Не излегувајте!, пренесува Факс.ал по прогласувањето вонредна состојба во соседна Албанија.

Најчитани вести