Ковид-19 има четири периоди инкбација од по 25 дена, дури после 100 дена нема зараза. Во Кина после 100 дена не е забележан ниеден нов случај на зараза од коронавирус. Од првиот регистриран заболен во декември па до 19 март во таа многубројна азиска земја коронавирусот имал четири периоди на инкубација од по 25 дена. Ако се суди по таа логика, Србија па и Балканот ќе се опорави и ослободи од ковид-19 дури во половината на месец јуни, со обзир на тоа првиот случај е регистриран во март.

Првобитните истражувања укажувале на тоа дека периодот на инкувација – време кога кај заразениот не постои никакви симптоми, но тој за тоа време шири зараза, и трае од еден до 14 дена, просечно пет дена, како и кај повеќето вируси.

Ана Глигиќ, познат српски вирусолог, која во средината на минатиот век го изолирала најсмртоносниот марбург вирус, вели дека најновите истражувања покажуваат - период на инкубација во поголми случаи кај коронавирус е 25 дена.

- Ако погледате, во Кина имавме четири инкубаторски периоди од по 25 дена – тоа започна во декември и дури после 100 дена не е заразен ниеден нов случај. Ако е 25 дена е период на инкубација а инкубацијата ја крие заразата во почетокот, тоа е трагедија, бидејќи болеста почнува со кивавица, а во суштина ние половина од тој период сееме вирус, а да не сме ни свесни за тоа. – вели др Глигиќ и додава дека овој вирус се шири со контакт и во воздух, што е најбрз и најлесен начин на ширење на вирус.

- Може и во надворешната средина да остане три часа, ако се накашламе, тоа место каде што сме биле ќе биде заразено три часа, а не се знае дали некој ќе седне на тоа место ако е во трамвај, автобус... Многу е важно да се знае, ако вирусот падне на метална квака, може да остане дури и три дена. Затоа е неопгодна дисциплина и поради тоа се воведува мерка самоизолација и казни со што би се одбегнало понатаможно ширење – објаснува докторката.

Спрема нејзините зборови, скоро сите заразни болести почнуваат како респираторна инфекција, а потоа вирусот ги напаѓа органите и доаѓа до катастрофални последици.

- Овој вирус загрижува поради голем број на болни и згрижување, бидејќи е тешко дневно да се згрижат 500 луѓе, особено ако се дојде до тешка клиничка слика каде што е потребна респираторска потпора на болниот. Што се однесува до лекови, лек за вирусните болести нема, само симптоматска терапија – вели таа и напоменува дека би можело да се случи и корона вирусот помине во сезонска болест. Докторката вели дека постојат ситуации кога епидемијата сама од себе се гаси. Ако короната така се однесува тоа ќе биде добро.

- Можно е со пренесување од човек на човек вирусот да ослабе и да изгуби некои особини на дивеење. Тоа значи, во првиот нален врз човекот е најголема смртноста, со најтешка клиничка слика. Кога тој болен ја пренесе на следниот, имаме тешка клиничка слика, но нема смртност, кога од вториот се пренесе на третиот, имаме некоја поблага клиничка слика на вирусот, а кај четвртиот веќе се губи – објаснува докторката и додава дека епидемијата се гаси себеси ако постои и други фактори како што се колективниот имунитет, промена на вируленција на вирусот, промена на однесувањето на луѓето.

Епидемиологот Предраг Кон вели дека втората недела од епидемијата на корона вирус е завршена, и дека третата недела ќе биде една од клучните и дека целта е да се развече епидемијата која како што се предвидува ќе трае уште 6 недели во режим како што е овој.

Најчитани вести