Владата ќе воведе посебен режим за движење на целата територија на Македонија за време на ден и ноќ и за таа цел ја задолжи Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи на 21 март 2020 година (сабота).

Со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот владата ги задолжи МВР и Армијата да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерк, а воедно ги задолжи и во рамките на нивните надлежности, веднаш да пристапат кон спроведувањето на  досегашните донесени мерки и препораки од страна на Владата.

Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка.

Владата донесе одлука важноста на возачките дозволи чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба, а сите процесни дејствија за спроведување на обуките за оспособување на кандидат за возач во авто школите и за спроведување на возачкиот испит на кандидатот за возач во испитните центри, како и роковите на важење на документите што согласно закон се утврдени за спроведување на обуките, односно испитите, да се прекинат, односно да се суспендираат за време на траење на вонредната состојба.

Најчитани вести