Изминатава недела Општина Бутел ги вклучи сите свои ресурси во спречувањето на ширењето со корона вирусот. Имено, заедно со сите општествено одговорни компании кои гравитираат на локалниот пазар, беа дезинфицирани маркетите и тезгите на Скопски пазар.

Во оваа активност Општина Бутел учествуваше со човечки ресурси и пумпи а компаниите со средства за дезинфицирање. Се изврши и дезинфекција на фрекфентните сообраќајници и урбаната опрема во населбата Радишани, с. Радишани, Скопје – Север и Бутел 1.

Дезинфекцијата на јавните површини и урбаната опрема продолжува и во наредните денови, соопшти општината.

извор: Makfax

Најчитани вести