Бидејќи спаѓа во најзагрозена група, постари од 65 години, Лепа Лукиќ како и многумина овие денови е во самоизолација во својата куќа и се придржува по пропишаните мерки.

Многумина се прашувале кој во овие тешки денови за сите, и помага и води сметка за тоа да ги има се што е неопходно за нормален живот.

“Добро сум, дома сум и слушам се што ќе кажат, а и каде да одам кога се е празно и не би сакала да ризикувам. Немам залихи, тоа ми е грозно да мислам само на себе. Пријателка која е помлада, доаѓа и ми носи намирници, рекла Лепа. Посебно истакнала дека помош и понудила колшката Снежана Ѓуришиќ, која се сетила во овие тешки денови со што длабоко ја погодило.

“Утрово плачев половина час поради Снежана Ѓуришиќ, таа мене ме сака од својата 9. година и ме повика да праша дали ми е потребно нешто. Се сетила дека треба да седам дома, па ми понуди да донесе што ми е потребно. Во текот на денот синот на Снежана ќе ми донесе храна за мачките, само тоа немав. Снежана ми вели: “Ме имаш мене, не треба никого да го викаш“. Знаев дека Снежана е човек, но ме возбуди тоа што се сетила на мене“, рекла Лепа.

Најчитани вести