Корона вирусот пустоши низ Европа, многу држави се соочуваат со стотици ново заразени во тек на само еден ден и последнава недела дена жариштата се во Италија, Шпанија, Германија, Австрија како и Швајцарија.

Но, она што се случува во Италија е историска трагедија каде на дневна база последнава недела имаше 2-3.000 заразени за денес бројката на ново заразени да се искачи на 5.322 во само еден ден! Никој во светот не им помага освен Кина со малуброен стручен персонал и техника. Европската унија во Италија не постои, ниту еден чекор Европската унија не презема да ја намали оваа италијанска трагедија по што секако ќе следи жесток политички одговор од Италија откако кризата, еден ден, ќе помине.

Италија со вакви димензии на кризата, 5.000 заболени во само еден ден, кога состојбата е во слободен пад има потреба од стручен медицински персонал, пари, медицинска техника но ништо од ова не дојде од Европската унија. Напротив, прво соседите а потоа и другите ги затворија своите граници кон Италија и не сакаат никој од таа држава да влезе во нивните земји.   

Европската унија денес, допрва, објави дека ќе формира заеднички европски центар за помош при кризи. Италиј, за да се знае, е еден од основачите на Европската унија пред чии очи Италија осамена доживува историска драма со смртност повеќе од двојно поголема и од онаа во Кина, од 9.800 вкупно до сега починати во светот од корона вирус дури 3.405 се од Италија со што ја надмина и Кина која досега има 3.245 жртви. 

Најчитани вести