Не е тешко да погодете што...

Паника која поради коронавирус се шири, Американците одлучиле дополнително да се вооружат – но не со знаење, ни тоалет хартија, туку буквално со оружје.

Додека Европејците прават залихи од марихуана, Американците прават залиха од мунуција. Рафтовите ширум земјата се празни, но освен стравот дека нема да има доволно намирници во период на карантин, кај Американците исто така постои страв дека нема да има доволно муниција и оружје. Тоа ја зголемило побарувачката и напралиле долги редици кај добавувачите.

Како што пишува УСА Тудеј, изминатите недели се повеќе луѓе нарачале залихи на оружје преку интернет, како што се намалувале инвентарите на локалните снабдувачи. Еден онлајн продавач на муниција сведочел за енормно зголемена продажба до крајот на февруари, со што оваа компанија ја потврдува загриженоста на јавноста во врска со коронавирусот

- Знаеме дека некои работи влијаат на продажба на муниција, воглавно политички настани или економска нестабилност кога луѓето сметаат дека правата можат да им бидат загрозени, но ова е наше прво искуство со вирус кој доведе до зголемување на продажбата – рекол Алекс Хорсман маркетиншки менаџер на онлајн продавница за оружје.

Најчитани вести