Иако пристигнувањето на Јирген Клоп на „Енфилд“ е обележано како важен фактор во големата промена на Ливерпул, сопругата на германскиот тренер има влијание и врз создавање моќен тим. И исто така, Ула Клоп е најзаслужната личност што Јирген потпиша нов договор на „Енфилд“, каде ќе остане до 2024 година.

Она што ги прави уште повеќе благодарни фановите на Ливерпул е тоа што таа имаше клучна улога во 2015 година кога Клоп требаше да го преземе Манчестер Јунајтед. Поранешниот дефанзивец на „Енфилд“, Фил Томпсон, кој во една прилика го интервјуираше Клоп, ја откри приказната на еден гостин на норвешката ТВ2.

Германецот му рече на Томпсон дека тој скоро потпишал договор со Јунајтед кога Ула му рекла дека не е вистинскиот потег, Ливерпул е подобар избор, и Јирген се повлекол.

Несомнено, заедно со Јирген Клоп, Ула ќе биде запаметена на „Енфилд“. Кога германскиот тренер ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул, првото нешто што тој рече беше: Ние го направивме тоа, Ула! И таа го чекаше во толпата луѓе во Ливерпул.

Која е Ула „Октобарфест“ Сандрок?

Јирген се оженил со Ула во декември 2005 година а тие се запознале во Минхен. Ни повеќе, ни помалку туку на светски познатиот саем на пиво, Октоберфест, каде Ула работела како келнерка. Тоа и била втора работа на Ула, бидејќи го одгледувала својот син и работела и како детски психолог. Пред да се запознае со Јирген, тогашниот тренерка на Мајнц, таа работела во Кенија три години како учителка на тамошните деца.

Јорген Клоп се заљубил во Ула на прв поглед, а само три дена по средбата во Минхен парот започнал да живее заедно.

Заљубувјќи се во Јирген, Ула исто така се за заљубила во фудбалот и напишала фантастичен роман, Том и Магичен фудбал, опишан од стратегот на Ливерпул како што следува: Тоа е како Хари Потер меѓу фудбалерите, само што не лета на неговиот ебан стап.

Најчитани вести