Секој економски шок го остава свои последици. Ништо нема да биде поразлично и после појавата на смртоносниот коронарен вирус, пишува Блумберг, потсетувајќи на историските кризи што ја зафатија глобалната економија.

Големата депресија негуваше став што ги дефинираше моделите на потрошувачите со децении. Вајмарската хиперинфлација во Германија сè уште ја прогонува германската политика, а азиската финансиска криза создадае паника за складирање девизни резерви. Неодамна, глобалната финансиска криза од 2008 година ги потресе силните демократии кои сè уште се опоравуваат од тоа, со тоа што работниците се соочуваат со ниски плати и  една деценија после тоа.

Овој пат се работи за удар и предизвик врз јавното здравство што ја тресе светската економија. За само неколку недели, луѓето во областите погодени од вирусот се навикнаа да носат маски, да складираат средства, да откажат социјални и деловни собири, да ги ревидираат плановите за патувања и да работат од дома. Дури и земји со релативно малку случаи на корона вирус преземаат многу од овие мерки на претпазливост.

Трагите од ваквите навики ќе траат долго време откако вирусот ќе исчезне, дејствувајќи како сопирачка во досега познатиот начин на живеење. Во однос на снабдувањето, меѓународните производители се принудени да размислуваат каде во иднина можат да купуваат и произведуваат свои производи - забрзување на промените по трговската војна меѓу САД и Кина ги потсети на ризикот да се потпираат на еден извор на компоненти, а Кина е токму таа држава кој е најголем производител за светските компании.

Во светот на модерните технологии и менаџментот, работните места се такви што има сè повеќе можности за работа од дома и во различни смени - оваа криза најавува ново време кога работењето од дома ќе биде се поголем дел од редовниот распоред на луѓето секаде каде е тоа можно. “Откако ќе се воспостават ефективни политики засновани на работа во домашни услови, ние веројатно ќе се придржуваме кон нив“, изјави Карен Харис, директор на консултантската фирма „Макро трендови“ Баин во Њујорк.

Универзитетите погодени од забраните за патувања ќе ја преиспитаат нивната ориентација кон зголемување број на странски студенти, а училиштата ќе треба да бидат подготвени да одржуваат часови на Интернет кога ќе бидат принудени да затворат, се вели во анализата на Блумберг.

Туристичкиот сектор е најдрастично погодениот, со откажувања летови, крстарења, хотели и мрежа на бизниси кои се хранат од овој сектор. Додека туристите без сомнение ќе бидат подготвени да го истражат светот и да се одморат на плажа како ништо да не случило со епидемијата, ќе биде потребно извесно време за индустријата што вработува секој десетти човек на планетава да се опорави од големите загуби поради застојот со корона вирусот.

Вирусот исто така го смени изгледите за економска политика и создаде нови приоритети. Централните банки се вратија во режим на итни случаи, при што владите копаат подлабоко за да најдат пари за поддршка на секторите кои се соочуваат со проблеми. Потребата од нови стандарди и надзор над јавната хигиена ги забрзува владините и корпоративните програми - всушност, Сингапур веќе планира да воведе задолжителни стандарди за нов систем на еколошка заштита и јавна хигиена.

„Оваа епидемија е без преседан по природата на брзото ширење, на нејзината неизвесност и социјално и економско влијание“, рече Казуо Мама, порано задолжена за монетарна политика во Банката на Јапонија. Некои од микроекономските промени ќе траат уште долго после вирусот, вели Мама.

Во Кина, каде вирусот за прв пат еруптираше во Вухан кон крајот на минатата година, врховниот законодавен дом веќе воведе целосна забрана за трговија со животински свет и потрошувачка по предупредувањата од научниците дека смртоносниот вирус на корона е пренесен од животни на луѓе. Дополнителните строги правила за хигиена се очекува да го забрзаат купувањето преку Интернет, исто како и после појавата на САРС во 2003 година, кога луѓето ги сменија навиките за купување бидејќи избегнуваа трговски центри. Ова се најави и за темелни промени во начинот на трговија во иднина.

Анализата на Беин и Компанија откри дека Кина ќе забележи значителни тековни промени во здравствената заштита бидејќи се повеќе здравствени прегледи и парични трансакции се вршат преку интернет канали за да се избегне ризикот од загадување во преполните простории за чекање.

Владите би можеле да потрошат многу повеќе пари на здравствената заштита за да избегнат огромни трошоци поврзани со епидемии, се истакнува во новиот макроекономски документ за влијанието објавен од Институтот Брукинг, во истражување на Ворвик Мекибин и Рошен Фернандо од австралискиот национален универзитет.

„Глобалната заедница требаше да инвестира многу повеќе во превенцијата во сиромашните земји“, рече Мекибин. Тој, исто така е коавтор на претходната анализа во која се проценува дека избувнувањето на епидемијата САРС во 2003 година значеше загуба од 40 милијарди долари во светската економија. Сега загубата ќе биде многу поголема.

Бидејќи никој не знае како вирусот ќе продолжи да се однесува или која ќе биде последната човечка и економска цена, економистите се претпазливи за конкретни предвидувања. Можно е голем дел од нарушувањето да се врати во нормална активност откако епидемијата ќе се смири, вели добитникот на Нобелова награда Едмунд Фелпс универзитет во Колумбија.

Најчитани вести