Француските училишта ќе ги заменат зборовите „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“ според предлогот за измена на законот кој е веќе поднесен пред францускиот парламент.

Новиот вокабулар има за цел да ги стави истополовите и традиционалните семејства „на исто рамниште“ во поглед на административната документација, вели Валери Петит, пратеничка од мнозинската партија РЕМ на претседателот Емануел Макрон.

Според неа, актуелните административни формулари не ги земаат предвид истополовите семејства и неодамна легализираните истополови бракови во земјата.

„За нас ова е мерка за социјална еднаквост“, додава таа.

Конзервативните политичари ја осудија предлог измената, потсетувајќи дека мнозинството семејства се сепак традиционални.

„Кога ќе ги слушнам луѓето како велат дека ова е старомоден модел, ги потсетувам дека од денешните заедници, граѓански или брачни, околу 95% се заедници меѓу маж и жена“, изјави францускиот конзервативниот пратеник Савие Бретон.

Конзервативците исто така велат дека новиот вокабулар ќе ги разниша основните концепти на семејството.

Интересно е што конзервативците не се единствените кои ја „чешлаат“ предложената измена.

Дури и либералните организации, како Француското здружение за поддршка на истополовите партнери, укажува дека предложениот вокабулар не е совршен, едноставно бидејќи делува дека едниот родител (оној означен со 1) на некој начин е поважен од другиот (означен со 2).

Предлогот може да биде одбиен од Сенатот, во кој доминираат десничарски пратеници. Со тоа, ќе биде вратен во Собранието за дополнителни измени и конечно читање.

Идејата за заменување на „мајка“ и „татко“ со родители со реден број прв пат се појави во дебатите за законот од 2013 година за легализирање на истополовите двојки. После тоа, одредени закони го прифатија овој вокабулар, од кои најистакнат беше Париз каде оваа измена стапи на сила лани.

1

Најчитани вести