Од времето кога бевме у војска ( ЈНА) имаше ено правило кое колку да е шеговито толку беше и сериозно. Се бањавме у групни купатила у кои замисли си по 30-40 души одеднаш ( сите суруши) голи пиштол се бањаа, насапунети и со полузамижени очи.  Е, сеа препоруката за секој случај некој да не направи грев беше ‘‘ САПУН У РУКЕ И ДУПЕ УЗА ЗИД‘‘.  Немаше корона вирус ама имаше реална опасност да излезеш онаквен. Овае шеговита досетка е паралела на актуелната ситуација во ккоја секојдневно сме бомбардирани со препораки да правиме ова – она , за да се заштитиме од Корона вирусот. Е па, подобра препорака од оваа војничкава – здравје. Што е сигурно – сигурно! 

Влегуваме во изборна кампања во која ќе има рестрикции во можностите да се пласира шаренолика слика. Што би рекол народот, ‘‘ на цела мука‘‘ уште и ограничувања за политичките лидери да застанат пред народ со високо стисната тупаница со која ќе урлаат дека тие се светците кои ја спасуваат Македонија. Ок! Шта је – ту је! Арно ама, овој пат ќе биде весело од еден друг аспект. На митинзи не може да се пцуе, вреѓа, подјебава, омаловажува и да се оди да борба ‘‘ до коска‘‘.  И Коте и Моте сега ќе мора да отврара Фејсбук профили, инстаграми и разни социјални мастурбации за да се вклучи активно во пласманот на пораки, мислења, ставови и разни нискости.  Дали ќе имаме ‘‘сајбер‘‘ кампања? Како таа ќе се одвива?

Герила маркетингот е наука. Се што има што да каже нешто,  ќе се сконцентрира на модели на кои нашиот народ одамна е навикнат, а тоа е ‘‘рекла-казала‘‘, ‘‘шуш-буш‘‘ оговарања, вадење на навно прљав веш, исмејавање и триста гадости кои се вон кодексот на елементарното достоинствено однесување. Класиката ке биде малку или воопшто практикувана. Дали со практикување на феноменот на нихилизација на туѓите вредности нешто може да се постигне? Дали моделот на ‘‘ син ти е педер‘‘ а другиот вика ‘‘ жена ти е курва‘‘ народот ќе има добра информираност за програмите, ветувањата и ставовите на партиите. Некој ќе рече па тука се медиумите. Да! Арно ама, колкава е реалната еквилибристика на влијанието на политичките страни над медиумите. Едноставна! Колку платиш ‘‘ толку клатиш‘‘. Но и тоа баш дали е така. Без разлика на тоа што медиумите си ги тријат рацете од екстра профит, непотполноста на амбиентот на реална кампања ќе доведе до збунетост и нереална информираност.

 По смената на власта од минатите избори, а по претходна контрола над нив на старата структура, се случи каша-попара и ситуацијата се смени.  Етерот над Македонија генерално секогаш го контролира оној што е на власт. Дали овој пат ВМРО е хендикепирано да мавне со сила што сака и каква имаше претходно?  Кого ќе фаворизираат медиумите? Али пренесувањето на моделот на кампања дополнително ќе ги натовари медиумите да се бават два пати повеќе од вообичаеното со политика? Денес е 13 Март и кампањата веќе требаше да започне во својот караван на средби со граќаните, со митинзи и со ‘‘гушкање со пола Македонија‘‘.

Согласно заклучокот дека изборите нема да се одложат но моделот на кампања ке се менува, еден огромен дел од тежината на кампањата ке падне на плешките на поединецот – кандидаат за да се самопромовира во својата средина. Што подразбира тоа? Алтернативните начини за останување во контакт со граѓаните ќе бара максимален ангажман на кандидатите во сопствените средини да анимираат гласачко тело со тоа што ке им пријдат. Па, ви се молам, колку е помалку безбедно така ако зборуваме за ширењето на вирусот? Капања и избори или се одложуваат или не се заебава, што би рекол народот. Да ми простите на изразот, уместо јебавање ке се сведеме на подјебавање, со примеси на простаклук по социјалните мрежи.  На митинзи и големи собири зборува само тој на бина, а на социјалните мрежи секој бели мајмун може да ти ја забуши поентата со некаков контра коментар, со некаква досетка која ја неутрализира суштината на пораката. Од друга страна, колкава е масата која може кампањата да ја следи на тие мрежи? Мајка ми на пример, 80- годишна жена не може да ‘‘лајкуе‘‘ затоа што за нејзе Фејсбук е ‘‘шпанско село‘‘!  А таа е гласачко тело! По некоја можна логика,  нејзиниот глас може да е пресуден. И?... Мајка ми секако нема да оди на митинзи доколку ги има, ама филмот е сепак поинаков.  

Ајмо у кампања ‘‘каква – таква‘‘ па, што викаат србите ‘‘ ком цура – ком опанци‘‘! Од оваа кожа у друга не се може, а богами не може ни да биде бетер од колку што веќе е! Секако на крајот на кампањата ситуацијата е ‘‘тепаниот тепан – ебаниот ебан‘‘! 

Најчитани вести