СОСТОЈКИ:

  • 500 гр свинско месо исечкано на шницли
  • масло
  • бибер
  • сув зачин
  • сол
  • кари
  • рузмарин
  • црвена пипер
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица презла
  • 3 чешниња лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Шницлите добро исчукајте ги, посолете, побиберете и истријте ги малку со сув зачин. Лукот изгмечете го па додајте малку масло и премачкајте ги шницлите. 

Брашното и презлата измешајте ги со пипер, па шницлите од двете страни провлечете ги низ мешавината од брашно и истапкајте ги со раце. 

Тепсијата намачкајте ја со масло па наредете го месото. Прелијте со 200 мл вода, поклопете или ставете фолија и печете во рерна на 220 степени околу еден час, со повремено додавање вода.

Преку шницлата во последните 5 минути пешење можете да ставите тенко пресечен домат кој потоа го преливате со сос

Добар апетит!

1
loading...

Најчитани вести