Ова е една од оние вкусни и лесни рецепти, од кои цела кујна ќе ви мириса на убавини!

Комбинацијата на ровко тесто, јаболки, цимет и ореви и еднакво на совршенство!

Ваквиот тип на рецепти уште се викаат и мрзливи пити или лења пита со јаболки.

 

1. Прво изрендајте ги јаболките, ставете мед и зачини и оставете ги да пуштат вода

и да се исцедат. Најдобро е да се стават во цедалка, а добиеното сокче е прекрасно за пиење.

2. Состојките за долното тесто ставете ги во сецко/мултипрактик и кратко промешајте,

додека да се добие ситна песоклива смеса. Тестото кратко размесете го низ раце и формирајте

топче. Ставете го во стреч фолија, а потоа во замрзнувач, на половина час.

3. Расукајте кора со големина на тавчето. Јас го користев калапот за колач на Делимано. Иако

тавчето не се лепи, од практични причини, секогаш тестото го расукувам на хартија за печење,

а потоа само го префрлам во тавчето.

4. Во исцедените јаболки, додадете ги мелени ореви и гризот и убаво промешајте. На крај

ставете ги и сецканите ореви. (Може наместо мелени ореви да се користи презла).

Распределете ги јаболките врз тестото во тавчето и притиснете ги малце.

5. Состојките за горното тесто ставете ги во мултипрактик и на кратко промешајте додека

да добиете песокливо тесто. Наросете го тестото низ раце врз јаболките. Благо притиснете

за да малце се залепат трошките тесто.

6. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени, околу 20тина мин, односно да зарумени

кората.

7. Печената пита се остава малце да се излади во тавата и пота со помош на хартијата за 
печење, се вади и се посипува со шеќер во прав. Се сече на правоаголни штангли, 
со димензии по избор

Состојки

Долно тесто

250 гр брашно
100 гр ладен путер
3 лажици ладна вода
3 лажици јогурт
2 лажици шеќер кристален
1 ванилин шеќер
1 лажичка пециво

Фил

6 средни црвени јаболки
3 лажици мед
1 лажичка цимет
1/2 лажичка морско оревче
50 гр сецкани ореви
80 гр мелени ореви
2 лажици гриз

Горно тесто

100 гр мелени ореви
150 гр меко брашно
3 лажици шеќер
100 гр ладен путер
 

.

Најчитани вести