И кучичи и мачичи се размрдале пред  избори. ‘‘ Све би то да уџе у власт, јер власт је сласт‘‘. И ја би играл така де, ама не ме сакаат. Еднаш така памтам, 79‘ година не ме сакаа да влезам у партија зашто не сум бил морално подобен.  Јебо те и КПМ КПЈ! Не дека ја сакав него така беше модата. И замисли, за тоа дали сум морално подобен одлучуваа типови од Кушкундалево на кои им беше криво што ја и моите ортаци у средно им ги ќарувавме женските. Везе нема ни партија ни комунизам, ни идеологија ни бутур ! Чиста човечка ситноќа и ‘‘моите пет минути да ти јебем матер‘‘ беше работава. Поентата ми е, ако некој мисли дека некогаш било поинаку, тој е ‘‘јанглаш‘‘ сто посто. И на крајов од уводот барајки прошка за простаклукот, само ќе подвлечам дека и сега е ‘‘ исти курац друго паковање‘‘ другови моји! 
 
Имаш гологуз ( сиромашен народ) од една страна, од друга страна имаш европска агенда и модел на инфинитивно практикување на политиката у која треба да ‘‘глумиш француз‘‘.  Браос бе, а ако на сето тоа додадеме дека 80% од политичарите да не беа во политиката немаше да видат ништо на хоризонтот подалеку од  Платамона и Халкидики, тогаш сме сигурни во сите ‘‘французи‘‘ дека кога ќе не претставуваат некаде ако ништо друго ке знаат дека пепељарите на маса не се зимаат за сувенир. Се колнам дека зборам вистина ако речам дека има политичари ( не именувам) кои сум ги учел како се врзува вратоврска. Жими се! Тоа што ја не носам ‘‘машна и ташна‘‘ е затоа што ја сум ‘‘ дечко са асфалта‘‘ у патики  и на овие години. Опааа,.. еве ајде вратете се на уводот и се ќе ви стане јасно!
 
Ајде да се навратиме на една сериозна анализа и да видиме ‘‘која чорапа на која нога иде‘‘!  Македонија се соочува задкулисно со еден голем пресврт во амбиентот на репертоарот  на пораки во политиката. Националромантизмот ги издишува последните здивови со оглед на тоа дека е ирелевантно во НАТО дали си предавник или патриот, дали Гоце делчев ги сукал мустаќите со италијански гел или овча маст. Со гарантирањето и бетонираните исцртани граници на Македонија веќе се дегутантни тезите за големи Албании, Србии, Македонии! ‘‘ 

И, шта чемо сад‘‘!? Ништо, ако се земе во предвид дека сеуште имаме една огромна маса која изгубена во простор и време се пали ко ќибрит на поклици од типот на “William Wallace” ( Bravehearth) шкотскиот бунтовник кој мавта со мечот и ‘‘коље Енглези‘‘.  ‘‘Гасните комори‘‘ ( бар се надевам) отидоа у историја, а ‘‘јас сум граѓанин од втор ред‘‘ филозофијата више не држи ни вода ни бутур! Многу политички папагали кои освен оваа реторика не знаат ништо друго, ќе мораат да одлетаат и да не серат на балкон повеќе. Арно ама, ако земеме предвид дека таа бројка сеуште колку и да е небулозно е огромна, а,...  е гласачко тело , тогаш ПР експертите ќе морат да се надминат себеси во пласирањето на пораки кои се во стилот на ‘‘ ем светски, ем наше‘‘! Ко онаа рекламата за ‘‘Јелен Пиво‘‘! 
 
Зрелоста за донесување квалитетни гласачки одлуки на населението сеуште е во најголем дел ‘‘ а‘ ла Крале Марко и Муса Кесеџија‘‘. Нема теорија да ме разубеди некој дека не е така. Трагично е тоа што пресудниот дел од креирањето на идната власт ќе биде сеуште тоа гласачко ткиво. Ако грешам,.. нека изгорам! Ако земеме предвид дека има и еден друг феномен кој не е ништо помалку поразителен, ние сме пак на овие избори у филмот ‘‘ у говнима смо другови‘‘!
 
Што сакам да кажам. Многу мали, ситни партии кои како глувци им ги грицкаа (одземаа) гласовите на ‘‘султанатите‘‘ се во паника. Свесни и самите дека немаат повеќе куршуми за битка, башка се со ‘‘гологуз буџет‘‘ почнаа да се лепат ко крлежи на султанатите за да останат у живот. Па ни тоа не е срамота ако се земе предвид дека политиката е стара ороспија. Арно ама! Дали тоа значи само дека се мења пакувањето а ‘‘курацот е ист‘‘!? Од друга страна, Македонија се соочува со проблем на квалитет! Јебеш квантитет! И Коте и Моте денес е политичар. Ајде да видиме колкав е квантумот на квалитетни и реално писмени кадри во лепезата на фаци кои треба да се изберат, да создадат влада и власт која ке се носи со предизвиците на евроатлантските процеси? Има ли уште место за типови од моделот на Амди Бајрам.  На чоекот ако ништо друго мораме да му признаеме дека си беше искрен. ‘‘ Јас сум секогаш со победникот‘‘ си вика, и алал да му е! Му го поштувам тоа. 
 
Е, сега! Генералното прашање на колумнава е колку Македонија пред вратата на ‘‘матурскиот испит‘‘  кај Европа може да влезе со ‘‘рафинирана‘‘ постава на квалитетни политичари! Сеедно е дали е Курто или Мурто, ама не е сеедно дали зборува барем еден странски јазик, дали е ‘‘реално писмен’’, а не фиктивно. Од фиктивност дојдовме кај што дојдовме. Алоо! Било кој од 120 – те пратеници кој и да е, треба да го претставува мојот граѓански лик во Европа.  Затоа, моите сомнежи дека ке имаме повторно ‘‘изгубљени у свемиру‘‘ политичари во еден дел кои освен што ќе бидат ‘‘машносани и ташносани‘‘ секако дека ќе знаат и дека пред нивните седишта треба да притиснат дугме за гласање по закони од кој не само што не прочитале, туку појма немаат што гласаат! Со кои политички ( фаци)  куршуми ќе оди Македонија на овие избори? Во сеуште не започната а највалкана кампања во современата историја на Македонија единствениот мотив на огромна бројка фаци ќе биде борба за ‘‘спашавање г‘с‘‘, затоа што после ова историјата не само што ќе ги избрише, туку и ке се потсмева кои морони биле!  
 
Не му се секирај народе! Ама баш ‘‘ ич ‘‘! Ако не знаеме да се селектираме самите за доброто на Македонија, бездруго ‘‘ќе не селектираат‘‘. Ако не годинава на избори, е де,... што би рекле србите ‘‘ живот је пред нама‘‘ а ми смо млада држава! Држава во која секоја втора куќа има по еден член ‘‘ побегао је а сарму пробао није‘‘! Просекот на тие гледано во години е цела една плејада млади,.. писмени, кои за жал, нема да бидат на листата на која Крале Марко и Муса Кесеџија ќе треба да го заокружат нивното име! 
 
 Агим Јонуз 
 

 

 

 

Најчитани вести