Познат менаџер и популарен ракометар се нашле во тешка ситуација, кога девојката на менаџерот влегла во станот и ги фатила жива двајцата другари како се забавуваат во кревет со две сестри од Ниш ангажирани како танчарки кај нас. Љубоморната девојка во афект пробала да му ги отсече гениталиите, во што едвај успеал да ја спречи, пренесуваат медиумите.

Оваа необична ситуација која повеќе потсетува на холивудските филмови отколку на наше секојдневие се случила вчера во 17 часот на ул. Владимир Комаров, во скопската населба Аеродром.

Според зборовите на соседите кои ја чуле буката, велат дека од станот кој се наоѓал во нивниот влез кои инаку бил изнајмен постојано се слушале караници, и женски гласови. Но сепак кулминацијата била вчера, како што е објавено.

- Излегов во ходникот бидејќи слушнав галама, гужва, лупање по вратите, изјави за порталот 74-годишната бабичка Милица, најблиска сосетка.

- Во ходникот истрча еден дечко потполно гол, а зад него неговата девојка,со нож во рака. Го кутна на земја и викаше дека ќе му ја исече онаа работа. Многу се потресов ми скокна притисокот бидејќи сум срцев болесник. За среќа, притрча другото момче и уште дна девојка и успееа да и го земат ножето, вели баба Милица.

Инаку како што се пишува најисплашен бил ракометарот кој ги молел девојките и неговиот пријател побрзо да ја смираат ситуацијата за сето ова да не излезе во јавност.

Најчитани вести