Подготовка

Месото се сече на коцки. Може одма да се зачини со сол и саканите зачини и да се остави настрана во фрижидер малку да прими од зачините.

Кромидот ситно се сецка.

Морковот и пиперката на ситни коцки.

Исто и доматите.

Во тенџере на оган налеваме 2 литри вода и штом зоврие ги додаваме коцките за супа. Во друго тенџере на плитка мрснотија го ставаме месото да се пропржи. Ако не е зачинето, го зачинуваме. Потоа го додаваме кромидот и морковот, пржиме додека не омекнат малку и променат боја.

Ги додаваме пиперките, кратко пржиме.

На ред се доматите и шеќерот.Продолжуваме со пржењето, динстањето на кратко. Ја додаваме црвената пипер, се убаво промешуваме додека пиперта се раствори. Ги додаваме ловоровите листови.

Налеваме со бујонот од тенџерето, но само толу течност колку да се покријат состојките.

Вариме на умерен оган со затворен капак одкако ќе зоврие течноста, со повремени долевања на бујонот.Вариме додека месото напола биде варено. Тогаш ги додаваме компирите исечени на коцки.

Продолжуваме со варење додека не се свари целосно месото и компирите, со повремени долевања на бујонот.

Пред самиот крај го додаваме унгарскиот зачин, кој сме подготвиле на тој начин што ситно се сецка сланината, лукчето, магдоносот и кимот и се убаво се меша, соединува.

По потреба зачинуваме со сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер.

Нека крчка уште 15-20 мин. или додека сосот добие на густина и се почувствува мирисот на зачинот.

На здравје!

Најчитани вести