Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека 18.000 бегалци и мигранти преминале од неговата земја во Европа, откако Турција ги отвори своите граници кон европските земји, пренесуваат агенциите.

„Она што го сторивме вчера… Ја отворивме вратата. Нема да ја затвориме таа врата … Зошто? Бидејќи Европската унија треба да ги исполни своите ветувања “, рече тој.

Обраќајќи се пред пратениците од неговата Партија на правда и развој (АКП) во Истанбул, Ердоган рече дека го замолил рускиот колега Владимир Путин да се повлече од Русија и да ја остави Турција сама да се справува со сириската влада, пренесе Ројтерс.

Како што наведува Анадолија,  турскиот лидер навел дека 36 турски војници биле убиени од почетокот на операцијата во северозападната провинција Идлиб во Сирија и ветил дека  „нивната крв нема да остане неосветлена“.

„Повеќе од 2.100 припадници на режимот досега се убиени и уништени се речиси 300 возила“, рекол Ердоган.

извор: Makfax