Актуелниот Корона вирус  реши да сврти едно кругче и по Македонијата наша. А зашто би биле ние мањи фраери од останатите земји. Па, јеботе, фала богу што дојде и кај нас да бидеме ‘‘ INN‘‘. Ако земеме во предвид  дека он тепал и појаки држави од неа, ние можеме само да си посакаме среќа меѓу нас да не бидеме баш тие што ќе го однесат у карантинот за кој викаат дека е у Штип, а за кој до вчера никој не чул дека постои како високо котирачка установа. Није битно, уште од времето на филмот ‘‘ Битка на Неретви‘‘ ние сме покажале дека знаеме да се носиме и со тифусари ако треба, па камо ли со ‘‘кинеска роба‘‘. Ма дај! Тоа што ќе испоцрка некој тоа ќе биде убаво спакувано во ПР службите на надлежните институции дека ‘‘тако је требало бити‘‘, не изненади како снегот у Скопје сред  Јануари.

Има нешто што се вика општа култура на живеење. Таа подразбира многу елементи, меѓу кои и одржување на лична и јавна хигиена. Кога сме кај личната хигиена, само да потсетиме едукативно дека ако мирисаш на ‘‘ Версаче‘‘ тоа не значи дека си чист, тоа само значи дека добро си се умаскирал да те помириса некоја дунда.  Хигиената е наука, која подразбира едуцираност како и што да преземеме за да бидеме не само чисти, туку и заштитени по основ на зараза и напад на разни агенси меѓу кои и вируси.

Па макар и саркастично да кажеме дека се ‘‘кинеска роба‘‘.  Тоа што вирусот може да ти го направи не може на багер ако те прегази и те напраи каша попара. Но, индивидуално право на секој поединец е да избере дали ќе биде ‘‘смрдеж‘‘ или нема да жали да фрли некоја капка вода на себе насабајле, а во текот на денот ‘‘икс‘‘ пати по рацете.  А дезинфекцијата на рацете е ‘‘виша математика‘‘ за 80% од луѓето. На просечната  маса клучната дефиницијата ‘‘нече гром у коприве‘‘ ке бу биде погубна истиот момент кога во радиус од не подалеку од носот ќе му ‘‘заплеше‘‘ невидливиот убиец. Нејсе, не можеш ти да натераш магаре да пее, така да, да натераш народ да подигне ниво на свест преку ноќ е невозможна мисија.

Е, кога на темел на една голема маса на напарфемисани смрдежи ќе ја досликаш ситуацијата во јавната хигиена, тогаш имаш една фигуративно одлсликана ситуација во која Корона вирусот може кај нас да заигра кога сака ‘‘ чочек на маса‘‘. А ние да и кажеме ‘‘ај живели, Бујрум‘‘!

Во земја во која се увезува(ше) отпад за горење во вид на компримирани туѓи лајна да се зборува за јавна хигиена е смешно. Јавни тоалети не се само места кај што можеш да се олесниш, туку и да измиеш раце, да ги дезинфицираш ако треба и да се средиш пред огледало. Колку јавни тоалети имаме? Имаме такво мое ( с’ опроштење). Само господ знае што си пренесуваме еден на друг ракувајки се во секојдневието.  Уште кога тие раце ќе допрат пари во продавница, вамо-тамо, вирусот ( во случајов) у себе си вика ‘‘ јас го подразбирам светот како поле за зараза‘‘.  Ма, не си ти крив што така размислуваш и што ‘‘ми смо говна‘‘!  Состојбата во здравството во Македонија е тема на која со години се дискутира, а инфраструктурата во која се практикува здравството со сите свои механизми е поразувачка. Дали ке си признаеме самите на себе си дека не постои санитарен чвор во здравствените институции во кој се запазени сите параметри на хигиена и безбедност. Дали ке си признаеме дека сме сведоци на зарази кои се резултат исклучиво на недоволна хигиена.

Што презема власта како превенција? Ни дава до знаење дека треба да переме раце? Е, фала што ми кажа , де, не знаевме! Ако си власт што се грижи за рајата  интервентно ако треба увези средства за дезинфекција па дели по улици за народ бе! По апотеки нема ни за лек одеднаш елементарни срества. Алооо! Како треба да изгледа еден карантин? Кои се критериумите по сите светски стандарди кои треба да оправдаат адекватна дефиниција? Дали имаме доволно стручно едуцирани екипи за справување со опасноста која ни чука на врата. Не е само да бидеш лекар, туку специфичноста на вирусот треба да биде предмет на твоја едукација за да знаеш како да реагираш, што да преземеш, како да се однесуваш по протоколите на современата медицина. Делот на институциите кои треба да згрижат евентуални болни од заразата со Корона вирусот ниту од далеку немаат стандарди за да бидат ‘‘херметички‘‘ изолирани . Дали државата евентуално доколку некаде испадне поширок број на заболени има капацитет да ‘‘ изолира‘‘ цел еден град по потреба како во други држави? ЈОК!

Ако се земат сите параметри кои создаваат идеална подлога за вирусот, лично сметам дека Македонија е ЕЛ ДОРАДО. Комбинаториката на јавна свест по прашањето за хигиена во ‘‘барабар‘‘  со здравство во кое не се знае ‘‘кој пие а кој плаќа‘‘, многу лесно може да биде јавач на апокалипсата кој може да покоси голем број граѓани. Ако некој смета дека ние ќе бидеме заобиколени од вирусот тој е будала. Прашање е само кога, а не дали. Нас и понатаму ќе не интересира дневна политика, избори, дали Гоце Делчев носел долги или кратки гаќи. Битно е, дека имаме ВО ПРЕДВИД карантин. Браос! Тој веќе треба да е спремен! По улици веќе треба да има мерки на превенција. По здравствени установи сеуште кога некој ке влезе во клозет пишман стануе, и си вика ‘‘ ај ке се стискам до дома‘‘!

Карантин?! Ма,.. јебо те он! ‘‘ Сапун у руке и дупе уза зид‘‘!

Агим Јонуз

Најчитани вести