Вкусен турски ќебап со прекрасен мирис и неодолив вкус. Подготовката е брза и едноставна и е вкус за вистински гурмани.

Состојки:

  • 1 кг. јагнешко месо
  • 4 лажици маргарин
  • 500 гр. ситен кромид
  • 150 гр. грашок
  • 1 модар патлиџан
  • 2 компира
  • 2 моркова
  • 50 гр. бамии
  • 1/2 китка копар
  • сол
  • црн пипер

Начин на подготовка:

Во грне го ставаме месото исечено на коцки. Потоа редиме 1/3 од доматите (исечкани на парчиња), половина од грашокот, морковите (исечени на кратки по должина), модрите патлиџани (исецкан на четвртинки), кромидот (излупен исечкан на парчиња), 1/3 домат, пиперките (исчистени од семки), компир (исечкан на крукчиња), бамии, остатокот од доматите. Посолуваме, забиберуваме и го додаваме исечканиот копар. Додаваме маргарин и половина чаша вода. Го поклопуваме и го вариме 2 часа на тивок оган.Се служи топло со салата или златна мешавина .

Најчитани вести