Потребни состојки: 

  • 500 г кадаиф
  • 200 г ореви
  • 50 г суво грозје
  • 150 г путер
  • 300 г шеќер
  • 200 мл вода
  • 1 лимон

Начин на приготвување:  Во тава намрсена со путер ставете половина од кадаифот. Наросете со оревите измешани со сувото грозје. Попрскајте со растопен путер, па наредете го и преостанатиот кадаиф. Попрскајте со преостанатиот путер и печете околу 40 минути на 180 степени. Во тенџере на оган ставете ги водата, шеќерот и сокот од лимонот. Откако шербетот ќе зоврие прелијте го изладениот кадаиф. Оставете да го впие и послужете.

Најчитани вести