Во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај, објави ТВ 21.

Запленет е кокаин, иако засега точно не се знае колкава количина завршила во Крушопек, сепак неофицијални извори за ТВ21 велат дека се работи за околу еден тон.

Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.

Од засега непознати причини рутата е сменета и пратката завршила во Крушопек.

Извор ТВ 21

Најчитани вести