Даниела Кариќ, ќерката на Хафа и Драгомир Кариќ, се осврнала на бракот на својот братучед Бојан и популарната пејачка Јелена Карлеуша и се потсетила како беше завршен. Даниела рекла дека без оглед на тоа што разводот бил бурен, таа има убаво мислење за Јелена. 

„Таа не се омажи за него за пари, туку се сакаа. Има девојки кои влегуваат во брак заради пари, но Јелена не е една од нив. Баш убаво се согласував со неа, ми беше една од омилените снашки“, раскажала Даниела и додала: „Милиони се разведуваат, нема ништо чудно во тоа. Очигледно не биле еден за друг затоа што си ја најдоа среќата во други бракови - таа со Душко, тој со Маша. Премногу прашина се крена околу нивниот развод, без причина. И јас бев во брак, па се разведов. Се е за луѓе.“

 

Најчитани вести