Телата на петчленото семејство Блаца беа пронајдени денеска околу 13 часот во семејниот дом во населбата Бујанина во Гњилане. Сепак, соседите сега тврдат дека еден од нејзините браќа си ги убил родителите, а кога таа пристигнала затекнала крвава сцена и тогаш се решила да го убие и него а потоа и себе.

Според сведоштвата на соседите за Газета Експрес околу 13 часа, Владете дошла во семејниот дом, каде затекнала крвава сцена и го застрелала братот Блерим, а потоа и самата си го одзела животот.

Сепак, овие сведоштва не се официјално потврдени, а досега се споменува само една верзија: дека Владете, полициски службеник со 18-годишен стаж си го убила целото нејзино семејство.

Телата на петчлено семејство биле испратени на обдукција во Приштина, што барем требало да утврди што навистина се случило.

Во меѓувреме, роднините, пријателите и соседите на ова семејство се шокирани од трагедијата, бидејќи тие важеле за едно хармонично семејство. Мотивите за убиствата и самоубиството засега остануваат нејасни.

Владете работела како полицаец 18 години, како што јави „Газета експрес“, а последните пет години била вработена во Полициската станица во Гњилане. Според првичните информации во сите тела било пукано од нејзиниот службен пиштол.

Најчитани вести