Во анализа на ЦИА за 2005 година тоа како ќе се развиваат односите во светот во следните 15-16 години, има и дел што се однесува на Европската унија.

Извештајот на ЦИА на големо беше пренесуван од агенциите и медиумите. Најмногу внимание оваа анализа предизика на Балканот. На големо се пишуваше за Косово, за Србија и Црна Гора, за Хрватска. Анализата на ЦИА не бешр поволна, вели дека Унијата ќе се распадне до 2020 година, ако не се преземат реформи во економијата и социјаланите бенефиции.

Проблем во Европската унија, според извештајот, ќе бидат и различните интереси на земјите, односно секоја од нив ќе води различна надворешна политика. Но, никој не спомена каде е Македонија во целата таа приказна. Ниту соседните земји, кои ја пренесуваа оваа информација, ниту пак самите ние.

На картата на ЦИА, многу убаво се гледа Македонија. Таа е обоена со црвено, заедно со останатите четири земји, што ќе бидат последните 5 земји кои ќе станат членки на Европската унија.

Македонија, Хрватска, Турција, за Бугарија и Романија се знае, според ЦИА ќе го зголемат европското семејство на 30 држави. Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија не се на таа карта на проширување.

Истите овие земји на големо пишуваа за овој извештај, поради сопствена утеха или нешто друго. Предвидувањата на ЦИА за 2020 - не се исполнија, барем не целосно иако ги погодија тенденциите. Важно е дека Американците сметаат дека сме способни да влеземе во Европското семејство, па макар во 2030 ако ЕУ воопшто постои тогаш

Најчитани вести