Основното јавно обвинителство во Гњилане, Одделението за тежок криминал, соопшти дека денеск околу 13 часот, полицајка убила 4 лица кои биле дел од нејзиното семејство, а потоа и самата се самоубила.

Според првичните информации, се претпоставува дека полициската службеничка Валдете Блаца ги убила родителите и двајцата браќа во населбата Бујанина во Гњилане, а потоа се самоубила.

Полиција, надлежен обвинител и лекарска екипа веднаш пристигнале на местото на настанот, а таму ги пречекала ужасна сцена. На барање на јавниот обвинител телата ќе бидат однесени во Институтот за судска медицина во Приштина на обдукција.

Според косовските медиуми, загинале албанските државјани Зекир Блаца (70), Ханифе Блаца (66), Блерим Блаца (33) и Фисник Блаца (34).

Според полицијата, нивната службеничка убиството на членовите од семејството го извршила со службениот пиштол. Роднините и соседите се во неверување, шокирани се од ужасот и велат дека семејството досега немало проблеми.

Најчитани вести