Skip to main content
x

16 Feb 2020 - 23:35
sportmedia
Статија
 

Доминацијата на Партизан во Купот на Радивој Кораќ продолжи. Во неверојатна драма со едно продолжение, белградските „црно-бели“ ја совладаа Црвена Звезда со 85:84 и успеаја и трета година едноподруго да дојдат до пехарот од националниот куп.

Црвена Звезда пропушти огромна шанса да дојде до седмиот куп трофеј, но иако имаше предност од 5-6 поени разлика во последните 2 минути од регуларниот дел од мечот, дозволи Партизан да се врати во игра и да дојде до израмнување 78:78, а со тоа и до дополнителни 5 минути.

Во нив Партизан беше подобар, победи со 85:84 и дојде до осмиот куп трофеј, со што сега ја зголеми предноста пред лутиот ривал кој остана на шест пехари од купот.

sportmedia.mk

Најчитани вести