Skip to main content
x

16 Feb 2020 - 23:15
sportmedia
Статија
 

Реал (М) испушти два големи бода во трката за шампионската титула во Ла Лига, откако вечерва на домашен терен одигра само 2:2 против Селта и остана со бод предност пред големиот ривал Барселона на врвот на табелата.

Шокантниот старт на мечот за домашните го најави новото засилување за Селта, Русинот Смолов, кој уште во 7. минута го погоди голот на Куртоа и му донесе водство на тимот од Виго. Реал се мачеше да дојде до израмнување до крајот на првиот дел и не успеа да ја погоди гостинската мрежа.

На стартот на второто полувреме, „кралевите“ преку Рамос погодија во голот на Селта, но по реакција на ВАР системот голот е поништен поради офсајд. Само неколку минути потоа, Тони Крос погоди и успеа да израмни на 1:1.

Најава за пресврт дојде по пеналот досуден за домашните во 65. минута. Рамос овој пат погоди регуларно во мрежата на Селта и со тоа му донесе водство на Реал од 2:1.

Упорните гости кои грчевито се борат за опстанок успеаја преку Санти Мина во 86. минута да дојдат до израмнување и да го шокираат „Бернабеу“. Реал до крајот не успеа да се врати со нов гол и испушти два бода кои сега го оставија со минимална предност од само еден бод пред Барселона на врвот на Ла Лига.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

Најчитани вести