Skip to main content
x

16 Feb 2020 - 22:45
sportmedia
Статија
 

Во извонредно дерби, фудбалерите на Лацио пред своја публика дојдоа до победа над Интер од 2:1 со кој заедно со Јувентус остануваат на првите две позиции во италијанската Серија А. Големата радост на „Олимпико“ стигна со пресврт во второто полувреме, откако во првиот дел Интер имаше предност.

Интер одигра добар меч, па резултат на таквата игра беше водството кое го обезбеди Ешли Јанг со голот на една минута пред одморот.

Во вториот дел следуваше спорен пенал за Лацио по еден сомнителен старт врз Имобиле во гостинскиот шеснаесетник, но главниот судија Роки се одлучи да покаже на белата точка, а Имобиле со својот 26-ти сезонски гол го врати Лацио во игра.

Одличниот фудбал со отворен гард од двете страни им одговараше повеќе на домашните, кои успеаја со голот на Милинковиќ-Савиќ во 69. минута да дојдат до целосен пресврт. Интер до крајот имаше неколку извонредни шанси (и еден поништен гол на Лаутаро Мартинез поради офсајд), но Лацио се одбрани и дојде на минус еден од шампионот Јувентус по ова 24. коло.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

Најчитани вести