Иако е тешко да се утврди временскиот период кој е потребен за жената да постигне врвно задоволство, научниците одлучиле да спроведат истражување и конечно да ја откријат магичната бројка. Така дошле до откривање дека на просечна жена потребно и е 13,46 минути да доживее врв.

Жени кои учествувале во студијата објавена во “Журнал за сексуална медицина“, користеле штоперка за да го измерат точното време до постигнување оргазам, а цифра која откриле покажува “борбен пат“ кој претстои до сексуалното уживање на жената.

За осум недели, групата која ја сочинувале 645 од 20 различни држави, ги подесиле своите штоперки секогаш кога доживеале оргазам. Истражувачите во својата студија вклучиле исклучиво жени со хетеросексулно определување во моногамни врски, со просечна старост од околу 30 години.

Едно од најважното откритие во студијата е дека пенетриран секс претставува најдобар начин за постигнување на врв. Меѓутоа, само 31,4 отсто учеснчки успеале да доживеат оргазам. Тоа значи дека кај 68,6 отсто дами потребно е да се воведе некој друг облик акција, вклучувајќи бакнежи, нежно гризање или допирање други делови од телото, истакнале научниците. Што се однесува до се*с пози, некои се покажале по ефектни од други.

Истражувачите откриле дека најомилена се*с поза меѓу припадниците на поубавиот пол е онаа во која мажот лежи, а жената е од горе – 42,2 жени рекле дека таа најмногу им одговара.

Други студии исто така покажале дека постојат уште некои фактори кои можат да влијаат на оргазмот. Имено, носење чорапи за време на се*суални активности може да го зголеми уживањето.

Најчитани вести