Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва го потпишал решението за распишување на изборите, кои ќе се одржат на 12 април годинава.

Од прес-службата на Собранието информираат дека Џафери во текот на утрешниот ден ќе даде изјава за медиумите, по повод потпишувањето на решението.

Собранието попладнево се распушти, откако претходно беа донесени неколку закони меѓу кои и Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот за јавни обвинители.

 

извор: Makfax

Најчитани вести