Невремето Кјара, кое ја зафати Велика Британија на почетокот на месецот, беше придружено со силни налети на ветер кои успеаа да го променат правецот на водопад во Шкотска.

На видео снимка објавена на социјалните мрежи, може да се забележи дека водата, под силен ветер наместо да паѓа, целосно го менува правецот нагоре.

Овој феномен е забележан на водопад во ридските централни делови на Шкотска.

По Кјара, Велика Британија денеска беше погодена од бурата Денис, проследена со силни ветрови и обилни врнежи од дожд.

Британската метеоролошка служба издаде повеќе од 250 предупредувања за поплави во Англија, Шкотска и Велс.

Според најновите информации, најмалку две лица починале во Велика Британија, а десетици илјади се соочуваат со хаосот предизвикан од невремето Денис.

извор: Makfax

Најчитани вести