Претседателот на Иран, Хасан Рохани порача дека неговата земја под притисок никогаш нема да преговара со САД.

Рохани на прес-конференција истакна дека помошта од Иран е од суштинска важност за воспоставување безбедност на Блискиот исток.

„Иран никогаш нема да преговара под притисок… Никогаш нема да попуштиме под американскиот притисок и никогаш нема да преговараме од позиција на немоќ“, рече Рохани.

Тој истакна дека „американскиот максимален притисок врз Иран е осуден на пропаст“.

„Обезбедувањето мир и стабилност во чувствителниот регион Блиски Исток и Персиски Залив е невозможно без помош на Иран“, наведе Рохани, пренесе „Ројтерс“.

извор: Makfax

Најчитани вести