Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат според договореното на 12 април.

Одлуката за распуштањето, пратениците ја поздравија со ракоплескање, а претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, се заблагодари за довербата на пратениците и работата на Собранието.

Пред распуштањето, изгласани беа и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за управување со предметите во судовите и Законот за заштита на лични податоци, Законот за инспекторатот за употреба на јазиците и Законот за урбано зеленило.

По многу турболенции, уцени, незаконско делување во парламентот како при донесување на Законот за Јавно обвинителство овој состав на собранието го заврши мандатот. Без сомневање ова е најлош и најозлогласен состав на парламентот од постоењето на Македонија. И Собранието по избрите во 1994 година кои заради нерегуларности на изборниот процес тогашното ВМРО ДПМНЕ ги бојкотираше, и за кој мандат под апсолутна власт на СДСМ со околу 100 пратеници се случи бришење на уставното име и прифаќање на рефернцата ФИРОМ, промена на знамето со денешниот “пропелер“ како и црната транзиција... тој состав, дури и таков, барем формално се држеше до законите.

Овој состав на собранието беше се, само не законодавен дом.

Уште на почетокот избра влада, предводена од Зоран Заев, надвор од деловникот и законот, без записник за гласање и без гласање на потребно мнозинство од 61 пратеник. Потоа, се случи протест на граѓаните, влез во собранието и насилства врз пратеници на СДСМ кои прозиведоа судења со казни за тероризам и казнети лица со затвори од по десет-петнаесет години.

Целиот мандат на ова собрание избилува со политичко ансилство ан СДСМ, најкарактеристично со уставните промени. Прво беа ставени во притвор пратеници кои, потоа, за да гласаат за новото уставно име Северна Македонија беа ослободувани и амнестирани, пракса која не е видена во Европа уште од почетоците на парламентаризмот од крајот на 19. и почетокот на 20. век. 

Така и заврши овој состав на собранието - криминлано. Со носење Закон за јавно обвинителство за кој немаше потребно мнозинство од 80 гласови, туку само 74, за да се поништи гласањето надвор од деловникот и да се гласа по втор пат, на сила за потребните 80 гласови.

Заминуваат овие пратеници со срам, неизвесност и тешки последици кои ги оставаат врз Македонија зад себе. Кој и да победи на наредните, или некои други избори - никогаш веќе да не се повтори ова што овој состав на собрание и го направи на Македонија.

Најчитани вести