Антропологот Хелен Фишер во анкетата направена во склоп на едно свое истражување, анкетирала 5 000 испитаници на тема - СЕКС ЗА ЕДНА ВЕЧЕР! 27 проценти од анкетираните признале дека барем еднаш доживеале по сексот за една вечер да развијат сериозна врска. Овој факт и не изненадува со оглед на тоа дека самците уште од самиот почеток сакаат да дознаат се за потенцијалниот животен партнер, па иако можеби звучи малку чудно, но и таа една ноќ е еден вид тест. 

Кога станува збор за сексот, во моментот на екстаза телото ослободува допамин, а експертите сметаат дека тој хормон на среќата може да доведе до тоа да се вљубиме во партнерот. До овој резултат дошол и психологот Џејмс Фаус од Монтреал и тоа во различни истражувања. Тој открил дека сексуалната страст и чувството на љубов се едно покрај друго во мозокот. Ако се активира центарот за награда и страст во мозокот за време на сексот, наскоро ќе сакаме уште од тоа. Токму од тоа, во најдобриот случај, се создава длабока поврзаност.

Истражување спороведено во Ајова, пак, открило дека врските создадени по сексот за една вечер се, исто така, исполнети, како и оние кај кои се чека до секс. Освен исполнет сексуален живот за партнерство се важни и заедничките очекувања за иднината и заедничките вредности. Значи, личен вкус е дали ќе дојде до секс по првата средба или подоцна. Што и да изберете бидете внимателно, односно внимавајте на сексуалното здравје.

Најчитани вести