Какво е времето надвор, и какво ќе биде наредните денови. Ќе има пеколно лето или пак кочан зима. Кој ќе победи на наредните избори. Што направи претходната власт за градот, а што оваа сега. Која жена има швалер, каде работи...

Скопски таксист... Тој е извор полн со информации, претежно непотребни. Сакаат да се најдат на муабет, а обично мубетот почнува со тоа какво е надвор времето, па целата приказна како денеска му помнал денот и дека неговиот син несака да оди на училиште туку да игра фудбал. А вие сте биле цел ден на работа и од преку глава ви се неважни муабети, туку сакате мирно и спокојно да си одите во својот дом. Ама ајде кажете му го тоа, кога човекот има многу работи кои сака да ви ги каже.

Тој знае какви се улиците во светот, нашите се крш... Таму се добри и политичките партии, а нашите политичари не знаат што прават, секој за свој џеб. Пцовки колку сакаш.

Да го пуштиш надвор тој ќе го регулира сообраќајот, надлежните се неспособни.

Ќе имате особено среќа ако се качите во чист автомобил, каде ќе мириса убаво и свежно. Или пак ако му дадете 1000 денари ќе има ситни пари за да ви врати назад. Инаку можете да изедете многу лоши зборови, од типот да знаете за нареден пат да не се качувате во автомобилот ако немате ситно...

А кога сме кај таксистите, никако да не ги заборавиме диспечерките. Невозни и ароганти.Кај ти текна па на тебе во сред ноќ да бараш такси... Кога ќе се качиш во таксито, немој да се исплашиш кога од еднаш ќе ја слушнеш како вика по колегите. Не се секирај не е наменето за тебе.

Понекогаш ако си расположен, ова може да ти биде интересно и само да се смееш.

Но, со чест на исклучоци има и такви кои доследно си ја вршат својата работа. И со насмевка ќе ве одвезат на саканата дестинација без да ве замараат со непотребни работи.

Најчитани вести