Српскиот претседател Александар Вучиќ приреди свечен ручек по повод Денот на државноста на Србија во зградата на Претседателството, објавено е на Инстаграм профилот на „Иднината на Србија“.

На фотографијата се гледа како Вучиќ ги послужува гостите со традиционално печење.

Меѓу гостите бил и патријархот на Српската православна црква, Иринеј.

Претходно денеска, претседателот Вучиќ додели одликувања, се обрати на свеченоста, а се сретна и со претставниците на Србите од Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

извор: Makfax

Најчитани вести