Македонскиот борач Буњамин Нуиши е една од жртвите во грабежот кој се случи во казино во Блаце, објавија од неговиот клуб.

Нуиши настапуваше за екипата на Тефејуз и важеше за еден од најдобрите борачи. Во моментот на престрелката која се случи синоќа, тој работел во казиното како обезбедување, a починал откако бил удрен со кундак во главата.

Покрај Нуиши, жртва е и 22-годишниот В.Х. од Косово. Од полицијата најавија повеќе информации на оваа тема наскоро и најбрзо расветлување на случајот.

Најчитани вести