Венко Филипче се уште е министер и се уште реди рекетарско коруптивни скандали, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Вели дека Филипче е незаменлив министер на Зоран Заев и на, како што рече, актуелното рекетарското здружение на власт.

-Им пречи таблата на Рашела Мизрахи, а не им пречи Касарната зад мене на Филипче. Венко Филипче за две години има повеќе крими афери на број од болници и медицински установи во Македонија. Венко Филипче е споменуван во секој рекетарски скандал во Република Македонија. Венко Филипче и милионите евра преку тендери го опустошија македонското здравство, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Според него, Филипче добива огромна палата на Водно. Куќата е на атрактивна локација, изградена од добитник на 7 милиони евра тендери во здравството, доделени толку од министерот.

- Ако ова не е корупциски скандал јас не знам што е, ама Венко е незаменлив. Рекетарската Екипа не го дава. Оваа Касарна на Филипче е резултат на крвавите тендери, набавки ќерка-татко, набавки на инсулини, палење на здрав инсулун, затворањето на детска кардиохирургија, рекетирањето на „Диамед“, криминалот со штипската болница за која сега се бара дополнителни 7 милиони евра, рече Стоилковски.

Вели дека токму затоа е таа неказливост и незаменливост на Филипче, односно, како што рече, за течење на криминалот и рекетот на Октоподот на Зоран Заев.

 -Зад мене тука на Водно, Венко Филипче гради споменик на рекетот и корупцијата, споменик на неказнивоста и октоподот на власт, споменик на мафијата која што си доби држава. Споменик на криминалот и корупцијата на хибридната власт којашто ја оценуваат меѓународните институции. Ова е споменикот на Венко за Заев, за Спасовски, Мила, Рада, Кики и Фрики, сето рекетарско здружение, кое што ќе падне на 12 април и ниеден донесен закон на сила нема да ги спаси. Одговорност ќе има. Заев и СДСМ никогаш повеќе, рече Стоилковски.

 

Најчитани вести