Skip to main content
x

14 Feb 2020 - 17:05
sportmedia
Статија
 

Очигледно е дека Брегалница е во одлична форма во пресрет на стартот на пролетниот дел во Втората лига – исток. Момците на тренерот Добринко Илиевски тоа денеска најдобро го покажаа. Имено во последниот пријателски меч во Анталија, „сините“ со 2:0 го победија Кизилжар, прволигаш од Казахстан.

Стрелци на головите за нашиот тим беа Манев и Георгиев. Добра игра, убедлива и лесна победа. Ова беше четврти пријателски меч за Брегалница во Анталија, трета победа, има и едно реми со гол разлика 7:2. Ете затоа велиме дека „сините“ се во одлична форма. По овој натпревар следува враќање во Штип.

Инаку на овој натпревар Брегалница играше со следниот состав: Талески, Мирчевски, Стојчевски, Манев, Маневски, Бакрачески, Наумовски, Ацковски, М. Стојанов, П. Георгиев. Во продолжение од средбата играа и Давков, Рунтев, М. Георгиев, Цанев, Кудев, Д. Стојанов, Наумов, Цветков, Настевски.

sportmedia.mk

Најчитани вести